јас (зам.) - попусто (прил.)

Двапати ми дојдоа зборовите до усните и двапати ги проголтав.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Навистина не догледувам како некогаш, ама не сум слепа!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Измина баеги време откако Боге од Бањи се појави на вратава а јас попусто се мачам да го заборавам она што ми заседна во мислите кога го видов момчето што ми го доведе да го чувам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Отец Стефан се накашла, погледна во отец Пелазгиј, овој цинично се насмеа и промрморе, така што и логотетот слушна: „Значи јас попусто сум старешина на библиотеката, старешина на небото, морето и земјата!“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Отрча со солзи по коридорот, и јас попусто ја довикував да ѝ се извинам.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)