јас (зам.) - првпат (прил.)

Тој покажа кон вратата, таа тргна, но ливчето ѝ падна без таа да забележи; класниот стана, го зеде, Луција веќе беше надвор; Фисот го прочита и се вцрви (беше ќелав, но жилав маж, со брада, и јас првпат видов дека брадата не можеше да го сокрие неговото црвенило, оти ќелата му пламна како да е лице).
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Кога јас првпат нему му ја кажав мојата молба, односно го замолив да ми каже дали тоа што барам е возможно или не, тој мене тогаш ми рече: „Може“, ми рече.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Искрено да ви речам, и јас првпат го научив ова - и восхитена сум.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Тогаш, за да може да се качи на чунот, оти тој се нишаше, јас првпат ја фатив за рака. Да не ја фатев подобро.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Ете, и јас првпат го сретнав тој што ќе ми ја покачи цената.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)