јас (зам.) - секако (прил.)

- Можам јас секако. Работата е за една ноќ.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Подготвен сум да се обложам дека многу од вас си велат себеси дека го познаваат сопствениот јазик.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Јас секако доаѓам во искушение да го тврдам истото но не сум сигурен дека јазикот што јас мислам дека го знам и јазикот што вие мислите дека го знаете е еднакво на сѐ она што треба да се знае за нашиот јазик.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
БАРБОШИН: Ама воопшто и не е толку важно: јас секако ќе бидам тука до утре изутрина, и како што се договоривме, ќе крстосувам под вашите прозорци.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
САЗДО: Проштевајте...јас секако ви пречам но морав да дојдам. Лудиот немо го посматра.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Не знаеше што ќе може да смисли, но веќе ѝ се фалеше на Вера: „Ќе видиш! Јас секако ќе смислам нешто!“
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Нашата петорка навиваше за седмоодделенците, ама победија поискусните - осмоодделенците. Оправдано.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Наставникот по фискултура имаше двојна улога: и тренер и судија. Се трудеше да биде справедлив.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Леле, да сум висок јас секако би бил перспективен...
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)