јас (зам.) - случајно (прил.)

Веда значи - молња, па така, кога јас случајно би бил роден во некое индијанско племе, би се викал најверојатно „оној што е брз и блескав како молња“, или накусо „момчето молња“.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Јас случајно чепнав во еден оставен ранец и од него извадив тетратка.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Видов дека и другите се по влечки, па чекав проблемот сам да се разреши додека сите тргнавме еден по друг кон вратата од која дента мистериозно исчезнуваа и се појавуваа моите братучеди носејќи тенџериња и садови.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)