јас (зам.) - целосно (прил.)

Додека сите што ги знаев паѓаа во транс штом ќе го слушнеа вокалот на Жељко Бебек или соло партитурите на Горан Бреговиќ, јас целосно бев на страната на Дадо Топиќ, на неговите исповедни стихови и металниот саунд на бендот „Тајм“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Јас знаев дека полека но сигурно почнува да ми се допаѓа; бев убедена дека ќе паднам во неговата мрежа, и бев, се разбира исплашена: тоа можеше сосема да ми ги искомпликува работите во животот, оти јас целосно ѝ се бев предала и ветила на Партијата.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)