јас (зам.) - дека (сврз.)

Знаат петте распеани жени, а знам и јас дека еден поет баш крај езерото беше напишал дека е исто да се пее и да се умира.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Се разбира, знаат петте жени, а знам и јас дека кој пее зло не мисли.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Во еден момент стражарот дури го запира коњот, свртен накај него, и на Пискулиева му се чини дека еве сега ќе го викне: „Еј ти, доброто ми момче, ајде оди ми си надвор, гледам јас дека ти си по грешка овде.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
- „Да, не го гледам јас дека цел ден кошка топка низ двор”, рече воспитачот, иако беше права забелешката на Банета.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Може да биде сосем спротивното на тоа што го реков јас погоре за комитетите, т. е. тие се готови да ѝ дадат на Европа секакви гаранции Македонија да не се соедини со Бугарија, но тие никојпат не ќе се согласат да се упразни во Македонија бугарскиот јазик и бугарското име во полза на централното македонско наречје и името „Македонец”, со други зборови, тоа што го реков јас дека имало само еден чекор од таа положба што Македонците и македонските комитети по македонското прашање се држат кон Бугарија, па до полното отцепување на Македонија и Македонците од бугарските национални интереси, не е право, зашто не еден чекор, ами цела пропаст го одделува едното од другото, и комитетите ќе покажат најсилно спротивставување на новото течење; 2) ако се допушти оти комитетите никојпат нема да се согласат со упразнувањето на бугарското име и јазик од Македонија, а заедно со нив против новото течење ќе биде и целата македонска интелигенција со бугарско образование, тогаш од каде ќе црпи сила за себе новото течење?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Знаев јас дека тешко ќе пронајдам човек кој ќе може да се носи со приказната за принцезата која дење се претвора во жаба.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Знам јас дека Хабермас во врска со мојата особеност зборува за нпр. мистицизам.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Знаев јас дека животот има смисла, умно се досетувам ни сам не знам поради што и сакам оваа мисла да ја запаметам за да ја запишам во белешките за моето животно дело.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Но јас дека бев сам и првпат гледав мечка, се исплашив и ми се вкочани погледот во неа кое од страв кое од недоумица.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Излезе да ме оставиш со портретите но јас дека со нив се покриени млаки пејзажи: жолти езерски брегови, светли копи сено, црвени идилични неба. најпрвин ликовите беа нејасни.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
АРСО: Ама зошто да го земеш, чорбаџи Теодосе, не ти се бендисува, кога за ништо не чини! Зошто ти е такво батал, јагурида...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Ти велам јас дека не е тоа лозје за тебе...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Ајде кажи дали е праведно?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Ај не прави се на „три и пол”, видов јас дека тој цело време ѕвери во тебе, а и ти во него.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Не може да не си го забележала тоа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Знам јас дека ви е тешко без мене кога одам на пат, ама што да правам, да не одам?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Не велам јас дека ние бевме непријатели, скарани или така нешто.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Знаев ли и јас дека подготвувам детални сеќавања крај езерото, што некогаш ќе ми донесат меланхолија и очај?
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Јас дека занесена на друго, да не можам да му го чујам гласот на детето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Јас дека врзани рацете, се вртам ко укруп во уплакана куќа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А јас дека ситна, уште ме мислеа дете што лапа муви.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ми велеа дека Бог не постои и да не го пишувам со голема буква, а знам јас дека Бог е всушност во причинско - последичните односи во светот.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Реков јас дека си анархист, политичар. Ќе те набркаме од гимназијава. Не си, братче, за овде...
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ме праша верувам ли и јас дека тој го запалил Круме Арсов.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„И Калпак, а? А ме молеше да му ја дадам пушката. Сега со мои камења ќе ми ја крши тиквата.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Баба ми ме погледна, очите ѝ се насолзија и рече: - Мило бабино, знам јас дека е така, добро дете е Миро мој, мека душа има и никому зло не мисли.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
„Реков јас дека сте многу андердивелопет“, рече Брчалото брзо снаоѓајќи се во ситуацијата.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Кога докажаа, дедо Ангела забележа: - Ти велам јас дека сакаат да ги земеш во четата!
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Сигурен бев дека Вртанов знае оти знам и јас дека тој ме слушна.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
„Реков јас дека сте Грци. Да, Грци, сте и ништо друго!“ Јас тогаш ништо не реков.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
- Ви велев јас дека смрдеата ќе ја истера болеста вели Доксим Тренчески и пие ракија на прагот од меаната.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)