јас (зам.) - или (сврз.)

Да се пречекори тој раскин кого што луѓето како и да не го забележуваат иако кој знае што воопшто забележуваат тие мрачни луѓе што се качуваат во вагоните на метрото за потоа да се симнат, што покрај превоз бараат тие луѓе што се качуваат пред или по за да пред или потоа се симнат, а што само се поклопува во некоја зона на вагонот каде што сѐ е однапред решено со тоа што никој не може да знае дали ќе излеземе заедно, дали прво ќе се симнам јас или пак оној слабичок човек со ролна хартија, дали онаа баба во зелено ќе продолжи до крај, дали тие деца сега ќе се симнат, ма јасно е дека да бидејќи веќе ги собираат тетратките и лењирите, низ игра и смеење приоѓаат кон вратата додека таму во аголот некоја девојка се стабилизира за да потрае, за уште многу станици да може да седи врз конечно испразнетото седиште, а таа девојка е непредвидлива.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Дали сум ви потребен јас или некој друг да ве вознесе до тоа?
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Само му реков: - Бирај, или јас или манекенките.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Кој е осаменикот: јас или некој друг, некој со нејасно лице но со крваво срце? Условно: јас.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
- Да ти ја свиткам јас или сам ќе си ја свиткаш? - Можам и сам.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Си го поставуваше прашањето по кој знае кој пат кога ќе се споменеше Цветан Горски, па кој ќе биде поважен: јас или тој – емигрантскиот белоруски „потомок”?!
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Внатрешното јас во ќелијата е прогонувано од откинатите конкретизирани делчиња на сопственото јас или од неговите фантоми коишто се оттргнале од негова контрола. okno.mk | Margina #22 [1995] 43
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
И додека Јосиф нивни Акиноски го собира планот, откако пред тоа д ќошевите ги истава камењата и додека потоа го прави тутурка, тој, Максим Акиноски, претпазливо, ги симнува панделките од писмото, а за тоа време и после, додека го одвиткува, на сите другите им вели После, откако ќе го прочитаме писмото, кој знае сам ќе се потпише, а тие кои не знаат ќе се потпишеме или јас или Костадин или Јосиф.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)