ѝ (зам.) - види (гл.)

Мојата ноќ е зелена како јад; одгоре, крај да не ѝ видиш, виси бесила од кобрина кожа.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Веднаш по очите ѝ видов дека ја бара мајка ми и чув како го испраќа татко ми да оди по неа.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
5. Избери си случајно, неколку автори, научи им ги имињата, замисли дека еден од нив те плени тебе со својата убавина како што Дон Кихот си замисли дека Дулчинеја го плени, а очи не ѝ виде.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Нема никаква слава да му се смееш на Антирихардсон, тоа значи да го тепаш веќе паднатиот: и без тебе целиот свет знае дека тоа е никаков писател, но ако му се смееш на Ломоносов или, штом го посетиш театарот, ги навредуваш славната Лесаж и Делпи, тогаш со тоа даваш знак на надмоќ на твојот вкус, што ниту со толку великите таленти не може да биде задоволен.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
На другата свршеница ѝ видел жолто во увото.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Мене тогаш не ми најде ни една мана, ама затоа сега ми наоѓа по сто секој ден.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)