ѝ (зам.) - викне (гл.)

Стојо се навали покрај оган и го зеде најмалиот Илка, се погалија со него, ги помилува и другите деца и ѝ викна на Митра: — Ајде, мори, готов ли е граот да вечераме?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ќе ѝ викна: „Нешко, Нешеее", и веднаш ќе и заврте тие вилџаните по мене и ќе се оклешче, како стара баба без заби.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Само што момата бојлер вклучи инспектор дојде струја да исклучи со ладна вода миеше коса мајка ѝ викна да не оди боса Плочките ладни реума влечат ѕидови пукнати треба да кречат татко без пари во возови на влеча а мајка ѝ 10 години во стечај
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Тоа утро Никола стана рано... Си ги обу сините потури7), ги навре чевлите, го облече црвениот со срма опточен елек и ѝ викна на Султана: - Султано!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Многу ми тежат чергиве.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Едниот од стражарите грубо ѝ викна: - Дур, мори ѓаурко!47) Жената се збуни, застана малку, се сврте кон муљазимот и го замоли: - Муљазим, ефенди, ги носам чергиве од перење.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Радо! Станувај! Остави ги книгите, доаѓај на маса, - ѝ викна Милица, цимерката од Струмица.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Крстовица се врати во бараката-коњушница.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Толкунѕаво гршче пченичка собрав од класја што ги колваа врапците по стрништето... - Ја украде! - ѝ викна Василопулос.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Жити мајка, - одново замоли Крстовица – имај срце...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Гаврани, врани, врапци ги колваа зрната.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Мамо, - ѝ викнав на мајка ми уште од врата.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Но, Кети е девојче и кога би ѝ викнал да ми помогне, таа би се исплашила уште повеќе од мене и не би ми била од корист.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Величе! - ѝ викнав - брзо дојди да ти кажам што се случи!
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Мамо, мамо! - ѝ викнавме. Таа остана така со лицето во перницата и ми се причини дека не дише.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Добрата Душичка ги пружила рацете кон масичката до креветот, заграбила неколку коњчиња, цветови и ангелчиња направени од дрво, и успеала да ги пикне во џебовите од ноќницата пред нејзините браќа да ја зграбат и да ја изнесат од просторијата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Не постои повеќе овде за тебе,“ ѝ викнал едниот од браќата, ја грабнал за рамената, и ја истуркал од креветот. „Те водиме дома засекогаш!“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Нина да не фантазираш малку повеќе!“ ѝ викна Филип.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Кога таа клекнала пред него, тој ја треснал со нозете по лице и ѝ викнал: „Еве осум дни како носам иста кошула, и недела ќе дојде и пак ќе немам бела облека да ставам на себе.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Арно ама, тој имал една маана: често зборувал во сон.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)