ѝ (зам.) - дарува (гл.)

Да му ја пронајдам тагата, да ѝ дарувам среќа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Мајка како мајка: додека чека на компјутерскиот екран синот да ѝ дарува дневна доза најубави насмевки во кожурка од свилена буба реди сѐ што се крие во неа и саде се чуди колку бил замрсен животот и колку време треба да се раздипли сето што се збрало во кожурката од свилена буба.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Го топореше пред нив мајката Перса своето насмеано лице во исто време збунувајќи ги со зборовите дека по многу години пак ѝ даруваат ќерка, нешто што не му одмина на Атанаса, нешто што ќе го прибележи во својата тетратка за подоцна да бара одговор.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Таа, која истиот тој Господ го молеше за живот, сега го моли да ѝ дарува сила и ум за да не го погреши патот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)