ѝ (зам.) - додее (гл.)

А и едно мало дете ѝ додева.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Жената неколку пати, како кобилата опашката кога се брани од муви, ја подаде раката назад, но девојчето не престана да ѝ додева.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
А твоите беговски намесници учи ги да не ѝ прават зулуми на рајата и да не ѝ додеваат многу. И пизма да нема спрема никого.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)