ѝ (зам.) - запира (гл.)

Пред влезот - прецеп меѓу две карпи - застанува, гледа - здивот ѝ запира... него го гледа - легнат врз јамболијата - заспан... тивко влегува... легнува до него... му го гали челото, лицето, рацете... му ја распетлува кошулата испотена...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Повторно ја погледна и таа го почувствува ритамот на тапанот како полека ѝ се качува од под стапалата и ѝ запира некаде во стомакот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Рацете ѝ се лизгаат преку прасците: ѝ запираат околу глуждовите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
На Пелагија мајката ѝ запираат прстите таму каде што се затечуваат во мигот од наплив на настани и сеќавања.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)