ѝ (зам.) - излезе (гл.)

Пред очите ѝ никна она малото Крле попово, на кое му даваше тиква, кора и јајца заедно со нејзините деца и ѝ излегоа пред паметта сите стари планови.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И тогаш Митра го прифати новиот створ, му го претолчи папчето со две камчиња што ги спреми однапред за таа работа, скина од Достините плетенки едно конче и му го врза, го издигна за главче, го погледа и пред очите ѝ излезе нејзината Ѓурѓа кога се оддели од неа, и кога бабата Маса исто така ја однесе на горни крај во пепелта.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Со цветно венче на главата, со распуштена руса коса дури до појас, со огрубено лице, со полна кошница бисилкови кивчиња и шарени предена одеше низ Потковицата и на сите крстопати и покрај сите води, и кладенци, каде што поминуваа, каде што пиеја и каде што пладнуваа Турци, правеше маѓии, па така никој, ниту Турчин ниту христијанин злонамерник не смееше да ѝ излезе во пресрет, не пак да ја земе на подбишега и да ја злоставува.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Од друга страна, зар може да го остави Ордета без закрила и како да ѝ излезе после пред очи на неговата мајка?
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
- Мајка ти рече дека треба да вежбаш клавир - ја потсетив по некое време.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Добро - одговори Мила, но штом мајка ѝ излезе, ние продолживме.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Милка седна да руча а мајка ѝ излезе некаде надвор, по некоја работа.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Кога го виде Невена како се зададе од ридот срцето ќе ѝ излезеше од гради... радост голема!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Во грлото ѝ застана клопче, зборот се истутка и искри ѝ излегоа од очите.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Умеам низ зеницата да ѝ влезам, од другата рана да ѝ излезам.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Милка седна да руча а мајка ѝ излезе некаде надвор, по некоја работа.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Лекарот, кај кого беше најавена од портирницата, лично ѝ излезе во пресрет.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Петра не е многу изненадена од неговата појава, таа знае дека никогаш нема да ѝ излезе од мислата, го прекорува Проклет да си бре дедо, врколак стар, се залости во вагонот само за сами да си заминеме и колку што сум тешка уште потежок товар ми стави на плеќи!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Пред очите и излегоа светите ликови на мајка ѝ, татко ѝ, брат ѝ, а како последна утеха ѝ излезе ликот на нејзиниот избраник Стојана со целата негова овчарска младост, свежина, бујност и убавина.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Во такви моменти не сакаше никој да му влегува во ателјето, па и жена му, а и кога ќ е влезеше тој само мигум и само со крајчето на окото ќе фрлеше поглед натаму, без најмал напор ниту пак желба да го препознае онега што влегол; а не пак да му прозбори или да му отпоздрави.  Но овојпат, спротивно на нејзиниот навик, упадна жена му среде разгорениот оган на неговата творечка работа, И без да му остави и миг за да се сврти кон неа, прозборе со глас што одвај ѝ излезе од грлото: „На Нако му се слошило!”.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Додека Грдан да ѝ излезе пресрет, Горда му се придружи во водата.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ама сега сонот сам од себе ѝ излезе на јаве. Ѝ се врати во сеќавањето пострашен одошто беше и како штотуку сонуван.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Мајка ѝ ја погледна толку подадено и готова да ѝ излезе во прeсрет, што направи чекор напред од местото каде што стоеше.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Кога ќе врвеше низ дворот, или кога ќе одеше по патот во полето на работа, ја гмечеше бесно секоја бубачка што ќе ѝ излезеше пред нозете.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Само ѝ влегло во устата кога спиела на гумното и пак ѝ излегло...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)