ѝ (зам.) - личи (гл.)

Викаше, стенкаше, плачеше од болка. И ми се чини дека и викот и плачот и лелекот ѝ личеа.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Рада од прагот ја слушаше оваа конверзација која повеќе ѝ личеше на монолог.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Рада од прагот ја слушаше оваа конверзација која повеќе ѝ личеше на монолог.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Нашминканото лице ѝ личи на кукла: час со изглед на девојче, час на старичка, никако меѓу нив.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Живеалиштето ѝ личеше на змејско дувло, не копано, туку соѕидано од тули од кои раснеа кисели дрвја, боз и трње.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Насмевката ѝ личеше на прикачен брош купен од некој залутан селски прематар.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ѝ личеше на прасе, подготвено за печење, на кое решиле да му закачат кожен ремен околу вратот, за да го довлечкаат (најмрзливо, се подразбира) до најблиското дрво.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
А тој, како на готовс, срипа и извади пластични чаши и налеа од сокот држејќи го под мишка бебето, кое, патем, се викаше Барбара. И ѝ личеше името!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Косите, повеќе лилави отколку црни од јад или побелени од спомени, ѝ ѕиркале од под забратката и биле некако призалепени за скаменетото лице што не познавало насмевка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Јастрепски остроока, подгрбавена аглесто и со машки објала под црната калуѓерска облека, така што дури и рамениците ѝ личеле на скршени или преморени крилја, изгледала дека никогаш веќе не ќе зачекори по таа земја на тага, дека ќе остане на тоа и свето и проклето место, помеѓу две нездрави црни борови стебла, и самата да пушта од себе испреплетени корења и да го наслушува со накривена глава минатото.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Таа попарена од тоа што го чу, премолче како што ѝ личи на спастрена девојка од домаќинска куќа.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Го следеше со некоја обична насмевка за која и не размислуваше сѐ додека Томислав не дојде да ѝ рече дека тој и Божинов ја замолуваат да си ја тргне од лицето иронијата бидејќи на една културна домаќинка не ѝ личи таквото однесување. Ете и тоа се случи.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)