ѝ (зам.) - натежне (гл.)

Годините за неа беа само временски поим. Таа ниту ги броеше, а уште помалку ги чувствуваше. Никогаш не ѝ натежнаа, ги носеше исправена со крената глава.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Можеби криљата ги има само за да ѝ го отежнуваат чекорењето, да ѝ натежнуваат како мачен товар, и за да ја потсетуваат дека можела да лета, но сега е премногу доцна за тоа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Некаде пред зори ѝ натежнаа очните капаци.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Стоејќи така, зашеметена на патот, сега уште посилно почувствува колку е неподнослив животот додека се ослободуваш од него.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И наеднаш почна да снеможува: сè да ѝ натежнува и да ѝ откажува, да не е под нејзина волја.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Да се живее или не?, - прашањето кое како да си го поставува Меланхолијата на Дирер, се претвори во прашање на моето постоење.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)