ѝ (зам.) - остави (гл.)

Таа ја искалаузи Велика Рошкова, од чии накити ѝ оставија добар дел нејзе, а и парите што ги доби Толе скоро две трети ги остави кај неа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
На збогувањето го одврза ќесето, и како што беше адетот, ги дарува двете деца по три дири, сестричињата од Мирчета по две, така што при самото излегување на Мирчета од дома, на Мирчевица ѝ оставија десет лири. A со десет лири во тоа време се живееше десет месеци.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во дневните белешки, јасно ја потенцира дилемата што произлегува од тоа, односно што големиот Јонеско ќе може да ѝ остави во наследство на ќерката?
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Не ѝ остави голем впечаток.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тоа ѝ остави можност безгрижно да ѝ се препушти на слободната мисла.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Но, долгото молчење на Томо ѝ остави место за сомнеж.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
На масата ѝ остави белешка. „Јадењето ти е во фрижидерот, послужи се сама. Доаѓам попладне. Твојата тетичка“.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Затоа веднаш ќе ја земете и ќе ја затворите долу во зимниците ќе ѝ оставите сенце да има што да јаде и колку што можете побрзо ќе си разотидете по домовите.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
И така, тргнува да весла, без платно, научена дека љубовта нема ама баш никаква врска со гужвањето чаршави, па сама веќе си ги одвоила тие две категории исто како и „појаките“ и олеснета со сознанието дека на наткасната никој нема да ѝ остави банкнота (е тоа е понижувачки!), без прибор за лов и риболов, се фали јавно со уловот.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Не сакав да ѝ објаснувам дека на овој свет сѐ има врска со сѐ; се задоволив само (не треба да се заборави тука и фактот дека јас сепак, ѝ се додворував, и дека цената на тоа додворување беше и извесно интелектуално претерување, како и извесна желба да ѝ оставам впечаток на што понеклиширан и поучен човек) со тоа што ѝ кажав дека јас верувам во реинкарнација, и дека за мене границите меѓу културите и расите паѓаат во вода токму поради простиот факт на реинкарнацијата.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ја прашуваа само неа дали сето млеко од овците да се сири, или нешто да се извади во ѓумови за на пазар, и колку, па колку восок да се остави за свеќи, дали маслото во ќуповите ќе стаса или да се прикупи, дали од месото од свињите што мораа да ги испозаколат, зашто мухамеданците не јадат свинско, да ѝ остават некој черек за неа и за папуџијата Јосиф.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Но Елена не ѝ остави многу време за тоа чувство.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
- Море чедо - му рекол - што си нешто невесел овие два вечера?
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
На молбата од старио син му беше го кренал да го носит погоре во планината, арно ама го носел и тие зборои што му 'и рекол татко му сите 'и преживал во умот и си велел во мислата вака: „Проклет да би бил тој чоек што го сторил овој лош адет да си 'и носиме татковците во планинава и да ѝ остааме овде да умираат од глад, без да мисли оти што ќе стори, тоа ќе најди.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Откоа стори малку џефа момчето, му кажало на царот оти татко му му кажал за тоа нешто.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Пред вратата, на излегување, Васе се врати и на креветот ѝ остави неколку праски што му останале заборавени во чантата.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
- Сигурно мажот ѝ е в ковчег, велат, којзнае колку пари ѝ оставил.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)