ѝ (зам.) - открие (гл.)

Неговите очи, додека ја пребаруваа земјата, сè уште го имаа оној внатрешен поглед кој на Кети ѝ откри многу повеќе за она за што размислуваше тој, отколку неговите зборови.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Му се чинеше ќе осквернави нешто чисто, возвишено, ако ѝ открие што разбуди таа во него додека танцуваше полугола на подиумот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ќе мора прво да го испровоцира Томо да ѝ открие некоја од неговите авантури.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Охрабрени од нивното восхитување, подофицерот везе пцости непознати на тројцата партизани, везе со страст на мома занесена во ѓерѓев што ѝ открива нејасен, само претчувствуван свет неверојатно важен за нејзиниот живот.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Рада само се насмеа. Сакаше да ѝ открие сѐ.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Кога Татко ќе ѝ откриеше место на новата книга во библиотеката и кога ќе ја прочиташе на начин којшто веруваше дека е единствениот, во нашата куќа настапуваше тивко, празнично настроение.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)