ѝ (зам.) - отстапи (гл.)

Како четврта солуција ја истакнале можноста „во случај нетрадиционалните, левоориентирани сили да станат предоминантни во Србија и Бугарија, можна солуција за негрчка Македонија може да се најде во комбинација на една јужнословенска федерација, вклучувајќи ги Југославија и Бугарија ... но не со автономија на негрчка Македонија, туку со отстапување на Бугарија на неколку области од источна југословенска Македонија...“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Нивните лидери сериозно сметаат дека Грција и Бугарија ќе ѝ отстапат територии на нова Македонија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Нивниот краен заклучок во однос на ова бил дека "изгледа скоро неверојатно дека Србите ќе се согласат да ѝ отстапат територија на Бугарија за која тие четирипати се бореа во 30 години; и последно, предлогот сигурно би предизвикал спротивставување на Грција".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
„ Океанијо ова е за тебе“ ѝ отстапи место на полесна музика.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Првото изненадување, и стравот потоа, ѝ отстапија место на радоста дека, ете, најпосле, маказарчани се тука и ја даваат својата поддршка.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)