ѝ (зам.) - падне (гл.)

„Боже, белки ќе го свртиш надесно, да се прибере, да си и изгледаме дечињата како сете еснафки" си помисли таа и си зашетка дома да си види ред домашни работи, за кои немаше никако време, та дури ни кркмите немаше време да си ги потсече; беа ѝ паднале до очи.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ќе блеат како телиња, ќе зеваат како мамлази и едвај ќе чекаат да дојде паузата за да ги покажат своите најнови тоалети и костими со кои ќе го истакнат својот статус у смрдливата универзална сала која патем не е реновирана уште од кога е направена и за која не се знае кога ќе ѝ падне таванот.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Капакот ѝ падна од раце, сандакот се затвори и Бојана изморено се отпушти на него, изговорувајќи го тихо, од длабочината на душата милото име: - Крстане, Крстане!
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
На која око ќе фрли, ако не го сака, носот да ѝ падне!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Се сетив на случајот прстен. Тетка Маца беше уверена дека остана без маж само затоа зашто свршеничкиот прстен ѝ падна в бунар.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Неа најмногу ја збуни тврдењето на човекот, кој двапати слегнал во бунарот, дека прстенот и е грабнат од раката на судбината.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тој покажа кон вратата, таа тргна, но ливчето ѝ падна без таа да забележи; класниот стана, го зеде, Луција веќе беше надвор; Фисот го прочита и се вцрви (беше ќелав, но жилав маж, со брада, и јас првпат видов дека брадата не можеше да го сокрие неговото црвенило, оти ќелата му пламна како да е лице).
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- Ти учиш, - се сврте кон мене тетка ми, со израз на лицето како нешто добро да ѝ паднало на памет.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Бебето ќе ѝ падне од рацете во реката и струјата ќе го преземе како Мојсеј.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
За тоа ни еднаш нема да зборуваат.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Никогаш нема да го спомнат паѓањето.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Сега живеам само за нив,“ рече неколкупати во текот на разговорот, секојпат кога погледот ќе ѝ паднеше на фотографијата. .
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ерика беше приврзана за своето семејство.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Го отвори првото. Прво што ѝ падна во очи беше датумот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Конечно тежината на сите тежини ѝ падна од плеќите.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Нема проблем, само ѝ паднал шеќерот. Набргу ќе се стабилизира.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Таа никогаш така не подвикнала. Ѝ падна жал и се расплака.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Денот ѝ поминуваше во страдање, а ноќите во долга бессоница.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
„Децата спијат“, уште еднаш му рече; го убедуваше, како што му се стори, и тој самиот да остане - без жена е, таа е вдовица, маж ѝ паднал со железничарско фенерче в рака под вагон.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Оф, леле - Ѕвезда го прифати офтежот, ама небаре темен превез пред очи ѝ падна тага.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Кога закопувавме една жена, на нејзината ќерка ѝ падна тешко, ѝ се зеде свеста, се затетерави и запаѓа на кај гробот.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Ѝ паднало жал на мајка ѝ и ја оставила и понатаму да цица. Кога го одбила Мил, се обидела и неа да ја одбие, но не помагало.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Моливот ѝ падна од раката еднаш, и падна двапати, но кога се наведнуваше да го земе, целата беше завртена со тилот кон Крстета.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На Доста и се стори дека ангел од небото слезе и ѝ падна на градите, та се милува со него преку своето чедо.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се преправаше дека полата ја стега меѓу нозете за да не ѝ падне, но со тоа таа уште попредизвикувачки ми ги покажуваше своите облици.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
„... Најчесто, кога одев дома кај нив, таа ќе седнеше спроти мене и, дозволувајќи пола од шлафрокот да ѝ падне, ми дозволуваше дури и гакичките да и ги видам и, при тоа, ме фашкаше со секавични, перетски погледи препокривајќи си ја голата нога.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Гледаше како агентот се занишува, како паѓа и како уште долго гребе со ноктите по подот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Пред да ѝ падне револверот од рака, не се праша дали навистина сакаше да го стори тоа.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
А она нејзино триумфално влегување во ослободеното градче, качена на бел коњ, на чело на партизанската единица, селаните го прокоментирале со поругата: Слушнавте, носот ѝ паднал, ама не слегла од коњот да си го земе?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Тогаш не ќе мораш да ги правиш сите овие операции а притоа да си го тормозиш и градниот кош– ја советуваше Џорџ – нема да мораш дури и да го придржуваш ременот!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Дуда додека ме потчукнуваше со десната рака левата ја префрлуваше преку бујните гради за да ја придржи торбата што ѝ висеше на нејзиното десно рамо, за да не ѝ падне. - Подобро да го потчукнуваш со левата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Една прекрасна полска црвена булка ѝ падна на книгата.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Мајка ѝ знаеше колку тешко ќе ѝ падне разделбата со врапчето, но, еднаш тоа мораше да се случи.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
За малку да се судрев со тетка ми, која изглуми изненадување.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ќофтето ѝ падна од раце, шлапна и се распадна врз чиничето со ориз.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Бабо, на Ане ѝ падна сирењето и сега баба Нада нема да ѝ даде друго, - објасни Дора.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Чичко Тони со другата рака почна да ја плеска Ане по главата и по рамениците.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Што се случува? Кој плаче? - праша таа и од устата ѝ падна една трошка. Нешто џвакаше.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Сепак, Кристина срамежливо се насмевна кога се поздравивме покажувајќи ми го голото непце каде што ѝ паднал еден заб.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ѝ се изнасмеав на жена ми онаа вечер, кога, додека се шминкаше, огледалцето ѝ падна и се искрши.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Во обид да се помрдне, од раце ѝ падна пушката и, не можејќи да додржи рамнотежа, падна врз неа.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Кој ѝ дал право да ги оценува како што ќе ѝ падне на памет?
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Јас ќе трчав и ќе гледав да не ѝ падне случајно од устата, а таа викаше по мене: Мико, нема тебе бонче.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Баба ми си рекла – зар е можно на Мила нешто такво да ѝ падне на ум, толку мало дете?
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Колку долг пат има за летање!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
А, ако ѝ падне авионот? – си мислев.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)