ѝ (зам.) - подари (гл.)

Најпосле се сетив: за роденден ѝ подарив ново огледало.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Во оваа смисла Никола Кирков на нашта новинарска литература ѝ подарува незаборани страници.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
За да ја утеши ужалената сосетка, ѝ подари сосема нов телевизор. Екран 72.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Секогаш, пред 8 Март и вие, добри мои, размислувате што да ѝ подарите на својата драга мајка.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
На новата снаа свекрвата треба да ѝ подари некое ново сребренце.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Доцна попладнето, кога скоро се стемни, откако јадеше, Рада ѝ подари доста убав мантил, со кремова боја.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
А пред сѐ изгледа и од корисноста на својот храбар зафат, на есента да ѝ подари доволно жолтило.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)