ѝ (зам.) - предложи (гл.)

Турција, како што се гледа, како да се најде на тесно, па ѝ предложи на Бугарија да се дојде меѓу нив до едно согласување за македонското прашање.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Кога еднаш ѝ наговестила дека нејзиниот сопствен брак е несреќен, таа отворено ѝ предложила сопругот да го чува за издржување, а на друго место да бара страст.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Кога дојде крај вратата тој ѝ се јави, ја поздрави и ѝ предложи да ја качи на коњот и да прошетаат некаде.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Овој пат Едо ѝ предложи на Летка следниот петок вечерта да се сретнат во Воден.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Дојди кај мене - ѝ предложи Елена. Марија како да се колебаше.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Во деновите на крајот од втората година на нивниот заеднички живот, самиот тој ѝ предложи да се венчаат.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Мајка ми веќе го губеше трпението: - Оди надвор, играј си самопослуга, - ѝ предложи.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Пред влезот на нејзината зграда сепак решив да ѝ предложам: - Сакаш да ми бидеш девојка?
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Терасата е корисна, но јас еднаш се досетив дека од неа би можело да се „извади и некој динар“, па ѝ предложив на баба ми да ја пренамениме (тој збор го употребува татко ми кога со Славко и со Кара разговараат за бизнисот) со базен.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Таа скокна пресреќна, оти ретко се случува смиот да ѝ предложи таква работа.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Често си играше така како мал, кога ќе надојдеше Луда Мара, па и подоцна кога сè уште не можеше да се оттргне од детството, иако веќе покрај него шеташе по некоја од неговите симпатии како манастирска пауница, на која тој уште не знаеше како да ѝ пријде, како да ѝ се приближи, да ѝ се додвори и да ѝ предложи (љубов, се разбира, не неизвесна иднина со непознат сликар).
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Недостасувало уште само да ѝ предочи па дури и да ѝ предложи еден вид договор или соработка во тоа вразумување на Генералот, бидејќи сепак е подобро тие двете разумно да ја поделат меѓу себе неговата љубов и да пронајдат начин како да ја спречат дарежливоста што Генералот ја растурал, како што рекла Рајна, на сите страни.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Инаку Рајна воопшто не беше навредена од грубото однесување на Трајчеица.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Тоа беа пораки чиј разорен копнеж можеше да распука и камен.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Уште од нејзината прва недела во санаториумот, ноќната болничарка без заобиколувања ѝ предложи да спие со неа во стражарската соба.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Штом ќе ѝ предложам да седнеме во санката, таа ќе погледне надолу, а душата ќе й затрепери и здивот ќе ѝ запре, а што ли ќе биде ако се реши да летне во пропаста!
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Разберете, тоа е само малодушност, плашливост!
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Најстариот брат ѝ предложи и на Мајка да го состави семејното стебло, според линијата на нејзината лоза.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)