ѝ (зам.) - сака (гл.)

Кога имала Кала една година, то ест, кога се родил Мил, мајка ѝ сакала да ја одбие. Ѝ ставала четка од чевли на боските свртена со влакната кон нејзината уста за да ја боцка - не помагало; ги мачкала грепците со смрдлива трева - не помагало: ги премачкувала со пипер за да ја испали - не помагало: Кала сѐ издржувала и цицала заедно со Мил.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Но мајка ѝ сакаше да се пофали со внукот.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Неговиот чир ќе исчезнеше.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тој, несомнено, ѝ сакаше добро на својата груба земја, но во неа имаше премногу татарштина, казанштина. Па и околу неа.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Секако, на сите им беше објаснето дека го нурнуваат трупот по 60 години лежење; сам по себе, младичот Уљанов имаше чисти пориви и секако, беше достоен за во музеј.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Татко ѝ сакаше таа да се запише во медицинско училиште.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ако отидеше во медицинското училиште, татко ѝ ќе можеше да верува дека конечно заборавила, да заклучи дека е здрава и цела, и тој ќе можеше да спие без пилули.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Невидливата рака на улицата се заменува со „невидливата рака” на институцијата, опирањето на единката пред институцијата е повеќе резултат на нејзината тесна нарцистичка заслепеност, институцијата не ѝ сака ништо лошо, така што единката во својата заслепеност тоа не го забележува.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)