ѝ (зам.) - свика (гл.)

Тој ја нашол и ѝ свикал: „Крши ја главата! За вештици нема дрвја!“
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
- Молчи, - ѝ свика Коле, - непријател е!
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
- Пеј, мори кучко, што запре?... - ѝ свика на пејачката докторот Петриќ и фрли со чаша по неа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Марче, ти ли си? - ѝ свика Ване од грб, но во истиот момент се покаја не дека ја прекинал во учењето туку дека ја уплашил со својата појава.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Па сепак, на двапати, Кети беше ѝ кажала дека, додека таа и Милан се карале за нешто и кога Милан се разлутил и ѝ свикал, мачорот скокнал во скутот на Кети и ѝ зборувал утешно.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Се сретнуваше некогаш кај него дома, некогаш по околните места кај што тој собираше тревје и билки, и ништо од тоа што се зборуваше не се дозна; зашто, кога една вечер Цанул ја затекна Цанулица кај што излегува од куќата на Полин, ѝ свика налутено: „Што бараше, кучке, кај него?“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ѕвездата твоја! ѝ свика Профим еден ден на ќерка си Царјанка кога дозна дека умот ѝ е по Трајан Блосоениот, - да не те видам повеќе со него...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
„Мрдни се ти од умот!“ ѝ свика тој и продолжи да го ѕида ѕидот на старото место. ...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Жена му рече нешто, но и нејзе ѝ свика.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
- Проклета! - сакаше да ѝ свика, но ги стисна усните и го голтна зборот.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
- Излегувај побргу! - ѝ свика попот растреперен.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Марија не ја беше забележала. - Марија, - ѝ свика и потрча кон неа и кон детето.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Ја фати за рака: - Еј, како си? Каде си се забрзала? - ѝ свика.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
- Но, зарем не забележуваш, по содржината, дека ова е прво нејзино писмо? - доста грубо ѝ свика татко му...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
- Ти гледај си ја работата... - ѝ свика тој и влезе во одајата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
- Ама што ѓавол ти пречи... - ѝ свика тој и ја фати да ја трга во одајата кај Бонети.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
- Кучке! - ѝ свика тој и се обиде да ја удри. Но таа му побегна.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Ако не беше ѝ свикал овчарот Смиле на кучка да го пушти Силјана, ќе го испердушела уште за малце.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
– „Ду! Мајко, Силјан по трем проговори“, ѝ свикала Неда на мајка му од Силјана.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
- Многу добро, комшике, - ѝ свика, како не се срамиш?!
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
- Ти кучко малечка, да молчиш, - ѝ свика брадјосаниот нејзе. – Кажи бре ти кој е најгазда од вашите татковци? – го праша тој Пецета, кој сѐ уште го држеше шишето в рака.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
А знаеш како одговори таа на мојата лутина?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Покриј се, Рајно, ќе ѝ свикав, во моја куќа, пред Симона, само јас имам право да се свлекувам.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
- Ќе ти ги искубам косите, ако кажеш... - ѝ свика Весна.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
- Еј, ти, застани! – ѝ свика. - А зошто да застанам?
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
- Што чудна жена си, само се поплакуваш, - пак ѝ свика дедо. - Остави го Веданче на мира.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Оди си дома, играј си пред зградата со Сандра, Елена, Кети, Розе и Виданка, мавни ми се да не те гледам, само ме деконцентрираш! - ѝ свикав.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Не зборувај глупости, - ѝ свика татко ми.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Никогаш нема да ти купам друг, да знаеш – ѝ свика на Снеже.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Таа со наведната глава продолжи да молчи.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ти си крива, да знаеш! – ѝ свика на мајка ми.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Мајка ми постојано е “крива” за сè, а најмногу кога некој од нас децата нешто ќе згреши.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)