ѝ (зам.) - сјае (гл.)

И за тополите ништо не реков... “ очите ѝ сјаеја спокојно, доверливо.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Вратот меѓу рамената ѝ беше снажен конусно извишен до под аглестите вилици над коишто лицето ѝ сјаеше со ведрина, челото ѝ беше просторно, а косата црвена и ситно кадрава, собрана во туфка на тилот и висната над пловината на грбот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Првпат ја гледа жена си како расте, а од очите ѝ сјае светлина.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)