ѝ (зам.) - умре (гл.)

Чупалево ќерка ми е, Драганка се вика; мајка ѝ умре ланска година и нејзиниот гроб таму остана, во Солун.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Во очите на Кита се згуснуваше тешката мака - таа знаеше што значи печалба: мажот не ѝ се врати од туѓина, а поголемиот син ѝ умре од пред две години на рацете, болен од офтика, загнездена по задушените визби на фурните во градовите каде што работеше.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Којо Пипиле кога дозна дека ќе се венчаат, му рече да не ја зема Марија за жена, зашто во неa има нешто кобно, фатално: досега ѝ умреле неколку мажи што ги имала. А пред да ја земат биле здрави.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Треба да си рече оти од нас помош ќе нема, така што почнаа во очите нејзини еленски да ѝ навираат солзи, ѝ навираа така солзи и очите ѝ се полнеа како дупчиња во карпа кога се преполнуваат со вода дождовница и кога ѝ пребликнаа, солзите почнаа да ѝ се ронат од очите и да ѝ течат како на тетка Божана кога ѝ умре детето нејзино Миле на петгодишна возраст.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Поминаа пет години откако мајка ѝ умре, и веќе беше време, велеа луѓето.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Е, секој си има мува на капата...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
БОЖАНА: Една е Матковица. Домаќинот ѝ умре на печалба. Седи до Бушева чешма.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
По пребегувањето во Албанија, мажот ѝ умре, и жената остана сама со девојката.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Се чинеше дека ѝ умрел татко, нешто најмило, како покосена, истиот час падна на душеме.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Поради тоа селаните ја нарекле Карабеќерица. (Мажот и Беќир многу одамна беше ѝ умрел).
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Децата ѝ умреле додека играле видеоигри. Телевизорот експлодирал.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
И неа, да видиш чудо, мажот ѝ умрел истата година, ако не истиот ден (не можеа добро да се сетат), кога и на Спира Клечев - Испустениот му умрела жената.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)