ѝ (зам.) - во (предл.)

Мара нешто сокрива мајка ѝ в соба штом влезе Кога е сама - на златна покривка Мара сѐ исто везе.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Како да се изживува со нејзината помамена немоќ, тој ќе ја седнеше в скут, и шушкајќи ѝ во увото, се истураше во неа, безобѕирно туѓ.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Кренав слушалка и тој ми вели, ја носам роднина ти со другарка ѝ во соседниот град.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
- Бргу дувај ѝ во устата! Во носот! Во ушите! Секаде дувај дај ѝ зрак!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Помисли дека парите со кои беше платено палтенцето, Никодин ќе ги претвореше во вреќи цемент, а мајка ѝ во неколку кубици дрва.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Откопале гроб со мајка ѝ во гробиштата и му ги ставиле во гробот ордените место него и му го правеле сите редови над гробот како да лежи тој во него: му носеле задушници, му ставале цвеќе, му палеле свеќи и го оплакувале.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
„Каде е Луција“, прашував. „Луција замина; рече дека ќе оди кај тетка ѝ во Велес, и дека таму ќе преспие, оти тетка ѝ ја очекувала на гости.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Беше свесна дека лекарот ѝ замерува, што во целиот овој изминат период, откако е сестра ѝ во болницата, домашните малку ја посетуваа.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Ја забележа уште кога ѝ го донесе сестра ѝ в болница.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Погледнете ѝ во очи на осамата Погледнете ги слабоста и мааната Посакајте ги совеста и доблеста Не е животот чаура тесна Ниту енигма за вас прелесна Улогата ваша никогаш до крај не е доиграна Не поклонувајте се пред време Завесата сѐ уште не е спуштена Сѐ уште не сте спремен Да чекорите без трема Да излезете од закоравената лушпа Во која со векови се дреме...
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Иако различни, Рашела и татко ѝ во погледот имаа нешто сосем слично, некаков спокој и тажна задлабоченост.  Кога, водејќи ме за рака, Рашела ќе ме однесеше во неговата мала, чиста, но стара и сроната чевларска работилница, откако ќе седневме на двете преостанати столчиња со сламено, плетено седиште, таткото и ќерката долго молчеа.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
- Не плаши се, туку нанишани ѝ во главата, меќу очите, а јас ќе ѝ пукам право в срце.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Јас сум Абраш, - неочекувано рече тој и ги забриша нозете од чергичето пред врата, не гледајќи ѝ в очи на мајка ми.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Лицето ѝ во песната Ставата ѝ во кавалот на каменот ранет божилак.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Тогаш дојде Соња. Не ја видовме цело лето, зашто беше заминала кај тетка ѝ во Битола. Неверојатно: само за едно лето се извишила.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Девојчињата беа многу смешни. Облечени како кукли - се бакнуваа, прегрнуваа, се смееја, пискаа и којзнае што шушкаа.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Зошто не измислат нешто поатрактивно, одошто тоа редење во училишниот двор и ѕвонење на училишното ѕвонче?
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Умот ѝ во сонцето.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)