ѝ (зам.) - на (предл.)

- Го познавам братучед ѝ на другана, - му вели поверливо Гога.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
За нас радост - за возрасните голема грижа.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Им пречеше дека трчаат низ тревниците, расфрлале ѓубре, ноќе лаеле и на еден куќен совет решиле да ги ликвидираат.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Најмногу настојувал татко ѝ на Весна: таа божем толку се плашела од Џеки и Белчо, па морале дедо или баба да ја водат на училиште и да ја враќаат.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
На широката минсофа, послана со меки шилтиња и со долги извезени перници потпрени до ѕидот под прозорците од големата одаја што гледаше накај езерото, седеше Аспасија, мајка ѝ на Викторија, и тапо, беспомошно гледаше во стројничката излегната на перниците, како во своја куќа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Сега е нашето, а за свадбата зетот да му мисли... - благо и радосно ги одбиваше татко ѝ на Викторија роднините, кои по секоја порачка викаа „доста е“, „многу е...“
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тодор исто не даваше да се чува огледало во куќата, но стрина Спасија, мајка ѝ на Руса, која беше исто убавица, не можеше да го прежали огрубувањето на ќерка си.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Потоа, на третиот ден, кога вечераа, сиот мрачен, рече: Уште тоа треба да правиме, да чуваме српски копилиња.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Зашто, и покрај отвореното сомневање на властите дека станале ајдутски јатаци, а тоа никако не можеше да им се докаже, Боше и татко ѝ на Драганка беа далеку од Потковицата, тие не само што продолжија да купуваат земја, туку и од Тахир бег сѐ откупија и уште додека беше жив стрико Никола нивни се наредија да бидат трет сој, по богатство и по влијание во Потковицата, веднаш по Дамческите и пред нив Акиноските.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Мајка ѝ на Благуна, вдовица на Васила Јанческа, почина меѓувреме, а главата на сојот Јанчески, војводата Крсте Јанчески, на кого сѐ му зарастуваа месата и кого и новата српска управа го тормозеше, откако го прочита писмото, го здипли в пазуви и два дена со никого не прозборе од своите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Седнавме. Кузман ми намигна. - Мајка ѝ на Милка. Не знае.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ништо не му реков на Земанек за онаа вечер; му реков само дека сум ја видел Луција со тетка ѝ на корзото, и дека не сум ѝ пристапил; тој рече дека умно сум сторил, оти сум бил сѐ уште неистрезнет и непресметлив.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Си мислев дека сигурно маќеата побарала Марина и баба ѝ да одат во друг стан, или, можеби, баба ѝ на Марина не можела да седи со оваа друга жена на својот зет, откако ја загубила ќерка си.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Во неделниот ден, кога се враќавме од гробиштата, од прозорецот на автобусот случајно го здогледав татко ѝ на Марина и со него истата млада жена, што ме пресретна на вратата. Тој ја водеше под рака.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Хорацио знае да ме поткара: - Миличок, кога стануваш, кажи ѝ на столицата довидување. Ливчето со телефонскиот број го загубив.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Пред да биде уапсен поради реметење на јавниот мир (зошто се обидуваше насилно да ја свлече растревожената Чикита), тој стигна да изјави дека изборот за мис е чиста провокација; имено, татко ѝ на Чикита е водич на „федералистите“, а и нејзиното бикини било во боите на националното знаме на големиот сосед“.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Татко ѝ на жена му, слепиот Тимон, му велеше: „Побргу од тебе сум ги видел ѕвездите, зете, но тие не ја одредуваат судбината наша, туку ние самите си ја одредуваме...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
„А сега заблагодари ѝ на тетка Стана, зашто таа ти помогна.“
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Дозволи ѝ на црвената роза да ни ја дарува страста и повторно да процвета...“
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Или, дека од смртен случај во куќата (умрел татко ѝ на младост од 99 години) око не може да склопи.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
- Е да простиш, свате, од ова немаме подолу, ќе вели мајка ѝ на Велика, немаме ни повеќе, ни помалку, ќе вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И мајка ѝ на Велика оди по нив. На ти ова. Не сака. На ти она, пак не сака. А тие чапји: викаат, бараат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кажи ѝ на Уља дека Мирче не е во Америка, туку и тој е војник.“
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И на секое напивање, мајка ѝ на Велика само се стресува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Кој си ти и кој ти ги видел очите да те праша за кого јас ќе се мажам?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тоа се случило петнаесет години пред патот за Лесново.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Или оној со врзаноно око ти се пофалил? Тропни ѝ на вратата, ти рекол, ќе ти отвори, ровка е.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Подоцна, многу подоцна, се чуло во Кукулино од некои кираџии дека се вратил оддалеку маж ѝ на Фиданка Кукникова и исекол поголема гранка од дуњата во дворот, ја исчистил од кора и ѝ ја измерил тежината со десната рака, бил висок, со светла коса и имал во торбите и дисагите што ги донел на маска секакво богатство; веднаш, со првата ноќ на неговиот втор живот во Лесново, ги спобркал сенките што се грчеле со машки воздишки околу неговата куќа сѐ додека не натерал тројца никаквеци да се напикаат во манастирот па тој таму без збор ја дигал и ја спуштал ластегарката поттикнуван од цел куп жени што дошле да ги собираат своите парталковци и да ги лекуваат дома од модрици и навреденост со толчен печен кромид во зејтин, потоа, по три или четири месеци, кога можело да се види дека прочуената убавица затруднела, попот знаел дека ќе остане без нова кошула, без нови чорапи и без куќа иако Доце Срменков му рекол дека ќе му купи нови опинци и, повторно облекувајќи ја везената кошула, отишол во некое штипско село по осамена вдовица со момченце од три години и со покуќнина што можела да се натовари на два магарешки коша, така било, селото се наполнило со доенчиња до првата протока на ракиските казани во сувите дни кога младите татковци се насмевнувале со модри усни кон Фиданкиниот маж од чија ластегарка сѐ уште накуцувал ситноглавиот Гавруш Пребонд но тој и порано со есенските 'рѓи чекорел под тешката облека со една здрвена нога од настинка и веќе се пеело, законите на Лесново или биле измислени заради дојденците или се заборавиле, и се кршел каменот по пештерите, впрочем и можело - на небото потрепетувале многу повеќе ѕвезди отколку што ги паметеле луѓето во тоа кратовско село.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кога Онисифор Мечкојад испратил стројник со јаболко кај татко ѝ на некоја Донка, домаќинот се согласил да ја омажи ќерката зашто мислел дека ја бара миленикот на игуменијата Минодора, Онисифор Проказник.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Јас ќе ти помогнам. Знам, тешко е без дете. - А ти - немаш деца?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Три, побрзал да се пофали со надеж дека ќе му го покаже патот до постелата. - Тогаш подари ѝ на женичката и четврто.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Брадата го открива карактерот кај човекот: оној што ја пушта брадата да му расте слободно, природно, диво, без да ја дотерува и обликува - има нешто уметничко во себе, повеќе го обликува духот отколку брадата; оној, пак, што ја потскаструва брадата, што ја дотерува, негува и обликува - ја искажува својата префинетост, нежност, желба за блискост и допадливост; оној што ѝ дава форма на брадата во вид на трака што му врви преку вилицата и се спојува со зулуфите - сака да е упадлив, да обрне внимание на себе; оној што ја бричи брадата само на врвот од вилицата оставајќи ја гола како јајце и надевајќи ѝ на брадата од образите да се спои, прекинувајќи ја како прекинат мост - тој ја искажува својата затвореност, потиштеност, нерешителност, колебливост; оној што ја пушта брадата да му расте само на врвот од вилицата спојувајќи ја со мустаќите, ја изразува својата ученост и љубопитност кон сѐ, полн е со енергија и сигурност во себе; оној што ја остава брадата да му расте во вид на шилец или ластовичино крилце спуштајќи ја накај гушата - пргав е и склон кон брзање: брза и во мислите и во постапките; оној што носи порабена „шпанска брада“, полн е со искушенија и желби за доживувања, за авантури, за весел и безгрижен живот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Напати, кажувајќи ѝ на домаќинката своја што сѐ има претргано на печалба, ама и патем одејќи и враќајќи се, со горчина ѝ го кажувал напластеното во душата...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Навистина, уште е рано, но, како што се вели, нужда закон менува: и тие со татко и нема да го чекаат Крлето осумнаесет и дваесет години да бреа по село, како што прават сиромашките ергени, ами ќе го наоглават уште на петнаесет шеснаесет години, да се отвори куќата и да има кој да му чини измет на татко ѝ и брат ѝ на Бисера.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Бидејќи клупите беа зафатени, требаше Крсте да седне во една со Нешка, но даскалот не беше уште „современ“ да кладе машко и женско во една клупа и тоа јабанџии, ами го скорна брата ѝ на Нешка, Стојана, го кладе таму Крстета, а Стојана го намести во првата до Нешка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И, лебами, тројцата ергени ќе можат една сестра да довардат? — додаде Доста Макрева, заблазнувајќи ѝ на Рожденката и ветувајќи ѝ дека и таа ќе ги прати нејзините три девојчиња кога ќе пораснат за на школа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Чорбаџивката Милошка, нунка ѝ на Нешка, дури се најде навредена оти крштеничка ѝ Доста не ѝ кажа што мисли да прави, та заедно да излезеа со модата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Бабата Петра си направи три пати крст на градите, мислеше никој не ја гледа, ама тоа не ѝ откина на мајка ѝ на Чана.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Училишниот прислужник Геро, пред да забрани власта секакво излегување или влегување во селото, му го открадна коњот на болничарот што дојде од град и одјури некаде бегајќи ѝ на болеста.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Јас неа ја наговорив да му пише нему и да му рече оти божем јас сум ѝ на умирање.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Само Уличката ја видел благодарејќи ѝ на месечината.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Потоа оној изнуден и чуден предлог или барање од неговиот некогашен пријател Јаким во врска со белезицата (во истиот оној понеделник што се трудат да му го забошотат); божем најдобро ќе било тој да го заборавел случајот бидејќи станувало збор за скапоценост на мајка ѝ на неговата секретарка Ботка а не на Баручиеви.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
А тие Баручиеви на мајка ѝ на Ботка ѝ ја одзеле белезицата уште во оние дамнешни капиталистички времиња.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
На долниот кат имало директен пристап кон собите, преку долги централни ходници што водат од едниот до другиот крај на куќата (иако дотогаш ходниците беа користени во Англија, нивното уредување во Колсилската куќа е нешто ново).
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Не ми е толку необично кога ми кажуваат дека баба ѝ на веселата сликарка Рози, која ми ја подари графиката со раздвижените змејови, некогаш се дружела со Блумбериевци и дека Д.Џ. Лоренс во тоа време ѝ се „нафрлувал“, или пак дека Фиона како девојче настапувала низ концертните сали во Европа, за потоа да биде прва виолина во оркестарот на Вангелис; или дека Џорџ Мартин, продуцентот на „Битлси“, кој живее во една од соседните куќи во Колсил, тркна во Лондон за време на прославата на јубилејот на кралицата („џубили“ го префрливме во „живели“) за да диригира на концертот на најголемите британски естрадни ѕвезди; дури и кога Дени ми ги покажува старите мапи на споменатото селце Колсил (со толкава очигледност на минатото) во трпезаријата на Clock House, тоа го примам само како дел од необврзаниот муабет по добрата вечера.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Затоа прости ѝ на оваа стара будалетинка. Добро! Добро!
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Откако се беа доселиле во новиот стан, мајка ѝ на Зорица ги стави тие пердиња за да ги сочува новите тенки завеси од Сонцето, како и каучите и ќилимот. Сонцето да не ги обели.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Ги зеде тој уште двете лири од аманетот на татка ѝ на Трајанка, направи триста други зулуми сѐ додека еден ден не ја зеде работата во свои раце дедо Геро војводата и неговите двајца комити.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
И јас да сум на нивно место, - си велеше, - да ме будат страшни соништа во кои арамијата ми виснал над глава со нож в раце готов да ме заколе, да гладувам, зашто она што го имам ми го собира некој со помошта на еден јатак , да ми ги грабне некој со крвава пот спечалените пари, да молам да го дадам аманетот на најмилиот од куќата како што беа оние пет лири на татка ѝ на Трајанка, да морам да се посрамам како татка му на Пецета, зашто некој, кога сум бил на мака, ме одделил од најмилото, а јас сега не можам да му го вратам, та и мене да ми се случува сето тоа, - и јас не ќе можам да го здржам бесот, па макар сто пати знаел дека јатакот е јатак, а неговото внуче негово внуче, кое можеби ништо не знае.“
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Пела неколку пати се завртува, сака да му мавне, ама рачињата ѝ се стиснати во дланките на мајка ѝ на баба Перса.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Тина Гледачката, мајка ѝ на Ангелина, ме натера да барам дрвено колче на кое се врзувала коза, крава или коњ.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Нѐ напушти, ја прошируваше приказната, една како тетка ти Ангелина, знаеш, како мајка ѝ на Евгенија, му го сврте умот, џенем фатија!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Од другата страна на живата ограда ѕиркаше бодликавата глава на татко ѝ на Ане.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Сега тато, сега! - викна Ане и почна да го собира ќофтето од скутот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
И баба ѝ на Дора беше дебела, но не толку страшна, затоа што повеќе се смееше и си разговараше со соседите.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Не, - рече, - ти имаш сипаници. Брзо оди дома за да не префатат децата. И кажи ѝ на баба ти.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Тоа беше едно многу убаво лонче што тетка ѝ на Дора го донесе од Грција, сино со розово капаче и со бледорозови уши што стрчеа од страните.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Тишина! - викна татко ѝ на Ане.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- А сестра ѝ на Бистра?
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ме пречека и ме воведе во салонот сестра ѝ на професорката Олга Ничота.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Сето тоа се случуваше во неделата, а веќе во понеделникот - по ручекот, откако телефонот панично ѕвонеше, а мајка ми (по кусиот разговор со тетка Јорданка) ни ја фрли слушалката сета избезумена, и замина со татко и чичко Благоја - соседот, татко ѝ на Величе, во Влае, оставајќи нѐ на чување кај тетка Ленче - мојот живот продолжи да трае без дедо ми.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Втората вечер ни дојдоа момчињата со гитари да ни свират серенади, но татко ѝ на Цвета ги истера.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Мајка ѝ на Тодора навистина ја викаа Јана, ама ибн Бајко, иако јуришаше на Тодора како на кула, извојува кај неа само една победа - кога ја натрти и ѝ го пушти семето како ѓуле далечинско.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Дали ќе беше тоа татко ѝ на Калија, самарџијата Димо, дали попот Ставре, дали пак еден стуткан туѓинец, Унгарецот Миклош, кој по несреќа попадна во Скопје и кој, сличен во судбината со Бошко, Калија ја сметаше за единственото невино суштество во оваа превара со војни, освојувања и робење.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
- Не туку врескај, од ум ме извади – свика баба Менка, баба ѝ на мајка ми, мојата прабаба што таа ја обожава и често ми раскажува за неа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Ај си одам – реков – ќе имаш компликации поради мене.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
На крај се јавив на мајка ѝ на Ило да ми ги прати по такси.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)