бре (изв.) - синко (имн.)

Не сфаќам. Збунет сум. - Зошто те родив толку будала бре синко, - ми вели мајка ми.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
— Добра вечер, бре синко, што правите, што чините? — ги поздрави Адем сите домашни кои стоеја на нозе и се тресеа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И уште пред зори двајцата предавници се вратија секој дома, ги врзаа маските на јаслите и легнаа да мигнат, ако можат, без да ги забележи некој кај беа ноќеска.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Јован, бре, Јован, недер бу, што е овој, бре синко? — се провикна стариот мудур и го побара Јована, но Трајко веќе беше го втерал Јована во една одаја, та тој не можеше да го чуе.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И работата се разбра! Комитите утре ќе денуваат на Маргара! — Тоа се барат од вас, бре синко!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И откако се убеди дека Толета го нема, почна стенкајќи да зборува: — А бре, што стана овој, бре синко? Што беше овој работа?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Раце налактив на колената, лицето го покрив со дланките и чекам и така чекајќи – го дочекав првиот мрак, не мрдам, чекам и чувствувам како ме тресат морници, по стапалата како да ми лазат мравки и студот сѐ повеќе ми облева образи, прстите ми отрпнуваат, ушите ми горат и полека ме фаќа некаква дремка, ми се присторува дека се губам и не знам што време беше, кога почувствував дека нечија рака ми треси рамо, ме подигна и слушам женски глас да ме праша – кој си ти бре синко?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
- Ете јас бев, мајко, што 'и зедов - је рекол - ја качи се, бре Смиле, на куќа, кај што стоев јас, побарај во сламата, ќе 'и најдиш, земи 'и ваму да 'и видат и да поверуаат.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Откоа чуле тоа нешто младите, му се поклониле на царот и си ошле да праат синџир од песок.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Ами за Сивета и Чулета како веруаш, бре татко, да за мене да не веруаш?
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Море вистина така беше, бре синко Силјане, туку ова ти е кажано од некого, ја на сон ти се сонило, а инаку не веруам да било!
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Оф, бре синко - му рекол - дали је за бендисуање, бре чедо, гробо од татка?
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Ете јас бев, татко, тој штрк што си седев на куќа; мајко мори, и ти, Недо, знајте, коа и молзевте кравите и ме удри Велко со стапчето, оти си 'и милував телињата?
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Сега лели бил умот и к'сметот да го крепат момчето, знаит како да му даит тоа џуапот на царот: - Честити царе, јас што је удрив три трешници на ќерка ти, си имав прао, чунки имав насиет од татка за коа ќе се женам: во првата вечер да је удрам три трешници на невестата ми за да паметуат коа се мажила.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Да затоа дојдовме да те молиме да ни даиш еден урнек, за каков сакаш да ти го напраиме и до вечера да ти го донесиме, дали дебел го сакаш, дали танок.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Коа виде бабата оти лушпата му ја скршил син му од царот, го проколнала вака: - Оф, бре синко, заошто ми ја скрши лушпата од јајцето, со позлатеното јаболко?
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Ај да би од јаболко невеста зело, од мајка неродена!
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Кој знај, бре синко, според нишаниве што ни 'и кажуаш, вистина као да си бил штрк - му рекол татко му.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Остај тоа, бре синко - му рекол царот - туку глеј што је дауџија ќерка ми, што си је удрил три трешници и не си ја дексал за невеста.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Така беше, бре синко - за тоа му рекле - туку кој беше тој чоек што 'и зеде?
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Вистина, татко, и вие, браќа селани - му рекол Силјан - ем за приказна ет мојава работа, што бев дури во долна земја или штркоа земја, кај што чоек досега не пошол и не ќе појдит, и да ме веруате оти не је чаре да ве лажам јас, чинки не ќе ви земам нешто да си клаам в кесе за да поверуате за здраво.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Е, имаше, бре синко, туку што дека имаше?
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
БАБА АНЧА: Сиромаштија, бре синко.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
— Да а земеше, бре синко, ваа сиромашката.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Триста? Шо триста, бре синко? He плаќате ни мастрафот што одев Битола да купам спаилакот?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Абре, и јас знам оти нема, бре синко, ама царот сакат свое, бре!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тргна од чибукот и пушти неколку обрачи чад: — Што да кажам, бре синко?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Агата избувна од смеа. – He така, бре синко, не. He се пие така шербет.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
– Да си жив, бре синко Јунусе – се провикна кадијата, задоволен од предлогот на новиот бег. – Навистина ти ќе одиш кај големиот пророк во рајот, што им правиш вакви услуги на неговите верни – а потоа се обрна кон другите агалари: – Што велите вие, ефендилер?
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Што стана? – со треперлив глас го праша кадијата Јунуса не отпоздравувајќи го и не слушајќи ги поздравите од Рифата и забитот, што влегоа по него. – Готови се кади ефенди, готови! – Готови? – радосно викна кадијата и се стрча кон Јунуса, го прегрна, го избакна и почна да го тапка по плеќи: – Бравос, бре синко Јунусе, бравос!
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Кога го виде, се расплака и низ солзи го прекори: - Каде скиташ, бре синко? Душа не остана во мене.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
- Кај си, бре синко? - го прекори мајка му. - Не гледаш дека се стемни? - Што не идеш побргу?
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
- Их, бре синко! - изнервирано викна мајка му. - Остави го Дорчо, волкот нека го јаде! Не гледаш што стана? - Видов! - одговори Трајче
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
„Кој знае, бре синко, според нишаниве што ни ги кажуваш, вистина како да си бил штрк“, му рекол татко му.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
– „Така беше, бре синко, за тоа, му рекла, туку кој беше тој човек што ги зеде?“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
– „Море вистина така беше, бре синко Силјане, туку ова ти е кажано од некого, ја на сон ти се сонило а инаку не верувам да било“.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
– „Е, имаше, бре синко, туку што дека имаше?“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
-Ами, бре синко - се вмеша и баба, гледајќи го татко право в очи - ќе зборве и ќе пее дечките...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
А на мен срам уд такви лафои, му лафам ним бре синко су такви лафои, само адна удајка, нишчо друго!... и запре, одеднаш се прекина, чиниш е срамота што ја кажува својата мака.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
„А бре синко...“ пристори татко му.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)