море (изв.) - ами (чест.)

Море ами, бацко Стале, ако се лути, ете а, нека му е алав и од мене и од господ, — изусти Трна една неделина кога Стале и го соопшти „лутењето“ на сајбијата и длабоко се издиши: — Нека ми е живо пиленцето, та лесно ќе си го израна.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Доста беше го запознала Илка со овој план, но плашејќи се да не ја расипи сета работа, се истрча пред него и му одговори на Трајка, милувајќи си го Толета по главчето, кое мирно цицаше на левата града — Море ами . .. шо да велиме ние, браче Трајко?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)