море (изв.) - ќе (чест.)

Море ќе те откорнам јас тебе оттука, семката твоја!“ пламна Профим и со мотиката го удри Грдана.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И откако ги испрати со најголема срдечност, му се фрли на Мирчета: — Море ќе нѐ земеш на душа со вакви твои пријатели, бреј! Не гледаш ли, пет души сме ти се обесиле на вратот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Доста вјаваа ако е за фајде; да ги симнеме еднаш од грбот, да си починеме и ние, нели сме душа, стопанка му — заврши детето, а Толе веќе се пренесе со мислите како ќе излезе од апцаната, ќе му појде првин на Валијата во Битола, ќе го поткастри со сите негови мезличари, со сите гавази и слуги; после ќе ги најде сите бегови од прилепско битолското поле, ќе си оди во Крушевица, та ќе ги суреди Адемовци, Селимовци, Ќемаловци и сите други како нив. Море ќе кола, ќе кола, ќе кола дури ќе ми сечи ножот и дури ќе ми мава раката".
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Да одам - да не одам. Море ќе одам, си велам, ме копка писмово.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)