Албанец (имн.) - од (предл.)

Ќе ме поздрават првин Албанците од ќелијата, па ќе се јави Михајло Горачинов. ,Пилето ми пее, рано на сабајле", се тешиме, се крепиме. ,Па и робовите се казнети да го сакаат животот, исто како и нивните господари," рече еднаш Апостол Макаровски. 34.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Имаше и други сточари и трговци - Науме Поцо, Серафим Кочов, Дудо Стефан од Маказар, Борис Цибале, Куно Пило и брат му Анѓелко од Сопотово, Иван Попчин од Далјани, Реџо Зега, Мулаим Пашко, Албанци од Кажен, Суљо Муча од Рободанци.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
— Адио, синдрофиса Небеска, ми се оѕвиваат Албанците од ќелијата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Само Васо Паша го привлекол вниманието на основачите на музејот со познатиот цитат: „Разбудете се Албанци од долговечниот сон, стане­те браќа и во една беса обединете се, оставете цркви и џамии зашто верата на Албанците е албанството!“
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
— Адио, шок, им викам на Албанците од соседната ќелија, адио!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Едно нешто што му помогнало било убиството на Синан ефенди, одметник, иако тој лично не му ја отсекол главата, како што тврди, туку тоа биле двајца платени луѓе, Есад и Бардуљ, Албанци од Метимир.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Но единствено што можам да ти речам е: ти како Албанец од Македонија, како амбасадор мораш да работиш двапати повеќе од другите, а јас како Македонец, морам да работам еден и пол пат повеќе од другите!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)