Америка (имн.) - или (сврз.)

Она што недостига во целава шпекулација е претставата за општественото како начин на суштествување што се состои и од лично и од колективно искуство.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тоа не е ниту природна состојба ниту поединечна особеност, туку колективна појава, последица од општествената припадност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Хомосексуалноста, криминалноста, зависноста, дури и претпочитањето на одредени потрошувачки производи (како во случајот со идентичните близнаци кои ги раздвоиле кога се родиле) сега се сметаат или за резултат на вродени особини, кои несомнено ни се запишани во гените или во геномите – денешнaта варијанта на „природа“ (порано тоа беа хормоните, а пред нив беше крвта) – или за израз на идиосинкретски хир, за личен избор, грев, дефект или некаква друга индивидуална особина.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
На ТВ-екранот се провлекуваат сцени од натпреварувањето за најдебела Американка или најгрдо лице на Америка, но телевизијата - моќниот моделар на колективното мислење - ќе ја поништи било која иронично-субверзивна порака.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Општественото упатува на облик на постоење кој произлегува од заедничкиот живот на човечките заедници и не исходува непосредно ниту од природната предодреденост ниту од индивидуалните варијации. ‌Како културна практика и како идентитет, да се биде геј е општествено искуство исто како што е општествено искуство да се биде Американец или да се биде припадник на средната класа или да се биде Чикано.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)