Балкан (имн.) - треба (гл.)

Но имаше и објективни познавачи на историјата кои ја застапуваа тезата дека и на самиот Балкан треба да се гледа како османско наследство, дури почнувајќи од самиот поим (балкан на турски значи шумовита планина).
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Всушност, неговата незавршена книга можеше да се смета и за еден вид дискретен и ненаметлив апел до идните генерации дека Балканот треба да почне да ја пишува својата историја низ бројните документи и сведоштва, наместо да чека да ја пишуваат новите победници! Новите јаничари...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Имаше и други елементи во прилог на стратегијата на Татко и Камилски да ја продолжат потрагата по тајната и мистеријата на новите турцизми, на кои не можеа да им се постават граници.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)