Британец (имн.) - не (чест.)

Доколку премиерот Пуриќ „се спротивставува на напорите да се постигне спогодба со маршалот Тито..., Британската влада, потпомогната од Русија и можеби од САД, ќе ѝ стави до знаење дека нема да продолжи да ја признава Владата на Пуриќ во овој состав“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во него посебно се нагласувало „Черчиловото повикување на водачите на југословенскиот кабинет од Каиро во Лондон, како последен обид да се решат политичко-воените разлики меѓу маршалот Тито (Јосип Броз) и генералот Михаиловиќ, бидејќи во новосоздадената ситуација Британците не можеле да продолжат со дотогашното парадоксално политичко признавање на Владата на премиерот Божидар Пуриќ сè додека таа инсистира на третирањето на маршал Тито како ’измамник’“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Со промените кои се случиле во средината на 1943 година на воен и политички план во Македонија: формирањето на ЦК на КПМ, оперативните зони и формирањето на слободни територии, а посебно успешно изведените оружени акции кои биле преземени на територијата на Првата оперативна зона, во британското Министерство за надворешни работи почнале да пристигнуваат извештаи во кои се зборувало за “појава на македонските оружени партизански групи“.81 Таа информација за британскиот политички врв претставувала изненадување бидејќи дотогаш Британците не калкулирале со Македонија како фактор кој по војната би можел да биде самостоен и би претставувал субјект во политиката на Балканот.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)