Велигден (имн.) - во (предл.)

Што можел да стори Онисифор Проказник - да побара од непознатите осуммина да се тргнат од патот за да помине дружината со двоколките или да заповеда веднаш да се пука?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
За делче од миг низ неговото сеќавање поминал настан од неговото најрано детство: неугледна старица од некое планинско село дошла на еден Велигден во полна црква и со голем крст во рацете го надвикала свечено облечениот поп барајќи од набожниците да појдат по неа во доброволна смрт.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И не случајно се најдена Велигден во црквата зад Толета.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сомневањето дека Марија може повторно да го остави, кај Сатурн се појави за Велигден во Кадакуес, каде што Роза Регас ги покани на заедничко едрење.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Една слаба рака со машки влакненца и широка бакарна алка се проби низ толпата околу масата и ѝ понуди запалка.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)