Велигден (имн.) - да (сврз.)

Млекарки со полни ведра кога се враќаат од молзење и разбој и на него мајка ти врз бесконечната ливада на веленцето што го ткае спроти Велигден да гледаш постапно како никнуваат на милиони цвеќиња, тревки, плодови и незаборавна, точно во тие години, во пределот на првиот допир, да почне една војна, постапно да го изумуваш својот татко, тој да исчезнува низ времето, да потече и крв од твојата нога за да сфатиш дека твоето детство стои допрено како божјак до војна и молчи...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Стар адет на Велигден да се кршат јајца и чие ќе падне — ќе се скрши — ќе му го даде на победникот. Не само децата и ергените, ами и по некој постар, та дури и старци си прават разонода со ова.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Доста со душа го чекаше. Велигден да си дојде Илко.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)