Германија (имн.) - во (предл.)

Алегра продлжи да се гледа со него, сега веќе во текот на денот, не во квечерините зашто воената управа на градот стави полициски час што, знаеме сите, моравме строго да го почитуваме.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
И го истуркав кон дома.  По некој ден Јехуда се врати, валкан и забраден, но жив и здрав, нешто пред влегувањето на Германците во градот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
164 Според наше согледување, Георги Пирински ги има предвид акциите на силите на НОВ и ПО на Македонија при нападот на Едеса и бугарското вклучување во борбите против фашистичките окупатори.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
___ 21 Движењето на отпорот кое непосредно по капитулацијата на Кралската југословенска војска го организирал полковникот Дража Михајловиќ во почетокот се состоело од мала група офицери, подофицери и војници на кралската југословенска војска, исклучиво Срби, кои одбиле да се предадат на Германците во средината на април во реонот на Добој во северна Босна.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Притоа беше постигнат договор за учество на бугарската војска во борбите против Германците во Македонија и во Србија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)