Пацифик (имн.) - или (сврз.)

Таквиот кодиран материјал, иако тематски не е геј (ништо повеќе отколку што беше класичниот бродвејски мјузикл), повеќе е во согласност со потребите на геј-желбата, а често успева подобро да ја изрази таквата желба од геј-идентитетот и од неговите признаци.130 Тоа е и причината поради која денес геј-мажите, кои конечно имаат можност да гледат телевизиски серии за геј-мажи, за геј-животот и за геј-сексот, како што е Настран ли народ (Queer as Folk), масовно се многу повеќе за Сексот и градот и за Очајни домаќинки – токму како што на Д. А. Милер и натаму повеќе му се допаѓале Јужниот Пацифик или Циганка од La Cage aux Folles или Кирија. (Сигурно, тоа што Настран ли народ порано беше најморалистичната серија на телевизија, веројатно, не помогнало многу).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)