Турчин (имн.) - им (зам.)

Турците им беа на еден куршум далечина. И уште им се приближуваа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
На мудурот и другите Турци им турија од кокошката, но бидејќи тепцијата промириса на „домус", и како што рекоа они оти се вечерани, и дека дошле само на муабет „да поминит, зарем, времето", се напија уште по една ракија, ако по вечера, и станаа та си отидоа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Еве, на Турците им плаќаме арач на секои три години, но да чепкаат во нашата внатрешна слобода и независност - тоа никако!“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Очите на сите Турци им светнаа. Крвта им зовре и сите личеа на ѕверови околу фатениот плен.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
„Ами вие, бре, рисјаните, велите дека на Турците им смрдела душата. Сакаш и ти да бидеш таков?“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)