Турчин (имн.) - со (предл.)

Дали Турците со своите гнасотии и мрсотии, дали нашите со својте подавства.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Мераба, мераба, дервиш ефенди! - го отпоздрави Турчинот со засукани црни мустаќи.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Простете ми, дервиш ефенди! - му се обрати Турчинот со засуканите мустаќи.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
На другиот ден, преку скопската пошта, главниот скопски дервиш го доби ова писмо: „Дервиш ефенди, вчера вечерта, пиејќи кафе во кафеаната, вие изразивте желба да го видите Гоце Делчев и да му честитате.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Нам ни чини голема чест да седнете во нашето друштво! - му одговорија двајцата непознати Турци.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
151. Последниов истапи како противник на Турците со името Србин и со тоа Турците го врзаа со поимот Србин и Србија денешното кралство и неговите жители.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но Турците со тоа што нѐ нарекоа нас: рајати и ѓаури, гледаа на нас како на луѓе не од извесна народност, а што се во а извесен однос спрема нив, господарите и правоверните.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Една вечер, до куќарката на Турците дојдоа двајца Турци со силни фенери.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Тоа беше Турчин со зачалмен фес и ибн Пајко тојчас го препозна амамџијата Селим од Чифте-амамот, кој секогаш го триеше со топли ленени крпи кога овој со Калија одеа во саботите на бања, едниот во женскиот, другиот во машкиот дел.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Тој што го рече тоа, еден со сурат на ајван, ама сепак Турчин со турбан и еден отворен ќитап в раце, тој уште и дорече, откога се изнакашла убаво и почека луѓето да се смират.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
И некои разорувања понекогаш се повторуваат, некои и се потретуваат.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Еднаш во Алепо, си спомнува Отело, убив поради Турчин со турбан, оти овој претепал еден Венецијанец и му ја навредувал државата.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)