август (имн.) - помине (гл.)

Така правоверните го задушија востанието во Мариово и му ги испратија водачите на бунтот на прилепскиот кадија и на скопскиот беглер-бег да се расправаат со нив понатаму, а Аџи Јане и Аџи Рампо почнаа да бегуваат над останатите живи мажи, жени, деца и старци под новите имиња: Јануз-бег и Рифат-бег од Мариово. XVI дел ЕДНА НЕДЕЛА по Илинден, во еден од најжешките дни на месец август поминаа преку Прилеп тринаесет мажи и две жени исповрзани со дебели синџири за гуши, за раце и за нозе, водени од по тројца сејмени и пазени од по десет наемни царски војници со исукани јатагани и остри маздраци, а напред јаваа двајца бегови и еден забит на три црни коњи.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)