автор (имн.) - му (зам.)

На тој начин Христов ја пронаоѓа својата еурека, ја реализира својата вродена и природна творечка дарба што на авторот му овозможуваат од секојдневното, обичното, локалното и специфичното да изгради сеопшти уметнички квалитети и симболи а при тоа да не ја наруши или загрози нивната реалност.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Безопасната коцка на авторот му беше слабост.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Не само што неговата прикаска бараше дополнување туку на авторот му недостасуваше објаснување на подметот на прикаската – тој, благодарение на записите од „тефтерот“ знае кој е заедничкиот непријател на таткото и сонот Бранови, но тој податок сам за себе е недоволен.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
На авторот му се виде дека младиот човек поради сопственото несфаќање дури и како да почнуваше да се нервира. Задоволен, авторот му се насмевна.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Веднаш на авторот му направија впечаток неговите оврлени костенлови-сиви очи, разиграни, како да беше со двојно поголем видокруг, со издолжено лице што кон брадата му се стеснуваше како на лисица и, очигледно, височок.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тука Митко молкна, на авторот му се пристори дека поради оваа исповед се чувствува посрамотен, но и ослободен.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Авторот му рече: „Тоа докажува дека домувањето во самиот себеси не е неинтересно“.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Најзагодочна на авторот му се виде неговата насмевка што во секое време се ширеше до некоја отвореност на душата, но никогаш човек не можеше да знае кога ти се смее затоа што се радува или ти се радува, а кога е готов луто да те касне.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Средбата со Кривашија на авторот му беше една од можеби најсимпатичните што со некој од сведоците на оваа прикаска тој ја имаше.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
На авторот му требаа охирѓани па макар и да не може да ги употреби гаќичките за капење.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
На авторот му е повеќе од јасно.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Клукајдрвецот како да заклучи дека секој треба да си ја гледа својата работа па се поткачи погоре на стеблото и, откако за секој случај разгледа наоколу, заудира со клунот во корката од брезата од што рафалниот звук се разнесе со ехо, а на авторот му дојде да се фати за темето поради немилосрдноста на чудната птица кон сопствената глава.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
По пет минути разговор со него на авторот му стана јасно дека овој човек не ни можел да не настрада од политиката во којашто не би смеел ни да се впушта.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Најинтересно на авторот му беше еден автобиографски запис: „Јас станав делегат во Пољопривредно вече на Вардарска бановина само со ниспетот на Албанците од Невенино.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Предизвикот стана двоен зашто, најверојатно, оваа госпоѓа работеше во ЈугоМак каде што на авторот му беше потребен свој човек. Хм, какво совпаѓање!
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ликот на Едо Бранов на авторот му се врежа со своите карактеристичности, но не го поведе кон никаква претпоставка.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Како што поминуваа покрај излозите, во еден момент, погледот на авторот му се задржа во излогот на една продавница за канцелариски материјали.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Посебно задоволство на авторот му беше последното летување во нејзината наследена, сега обновена викендичка во Лаврион.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Времето на авторот му минува главно со прашањето кој може да биде Едо Браноф во Сан Диего и која е најверодостојната прикаска што тој ја сугерира.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Во секој случај, сопственикот на авторот му се виде како човек податлив за разговор.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
На авторот му е оставено да ја состави таа материја, да ја исполни со богатствата и чудесиите на безбројните мирудии со кои животот штедро нѐ дарувал.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ова може да да биде сторено бидејќи на овој автор му успеа по­силно и потрајно отколку било кој друг за мене познат балкански автор, на зборот и на поимот балканско да му даде нова димензија во свеста на другите европски народи и култури...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
На ваков начин на авторот му успева низ еден потег да втисне карактеризација во одреден лик.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)