автор (имн.) - во (предл.)

Авторот во овој роман настојува во конзистентното следење на една идеја според која козарите треба да се трансформираат во пролетери.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
И покрај врската со авангардата, Ворхол, како и другите автори во рамките на амери­канскиот андерграунд, најзначајна врска вос­по­стави токму со Холивуд, и тоа во негација на неговата естетика.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Затоа неговиот метод може да се нарече концептуален докумен­таризам.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Со други зборови, оваа книга ги обединува на едно место и најреномираните автори во македонската книжевност воопшто, и сѐ уште неафирмираните или недоволно познати за читателската публика, творци.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Тоа не значи дека сите позначајни датуми од повеќевековната историја на нашиот град нема да ги сретнеме низ страниците на оваа книга, туку дека тие, ако ги има, тогаш се во функција на книжевно - уметничката вистина и ги задоволуваат основните критериуми на книжевниот облик - расказот. 48 okno.mk Поместените автори во изборот Скопски раскази не � припаѓаат на иста книжевна генерација, ниту пак, се со иста книжевна оријентација.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Сеедно каков пристап ќе избере и сеедно каков метод ќе примени, тешко е да се процени колку е авторот во состојба тоа успешно да го направи кога е во прашање неговото сопствено творештво, притоа да не ги изневери колку основните важечки принципи на теоретската опсервација што ја применува, толку и да ги појасни, барем, стожерните пунктови на сопственото творечко искуство.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
На оваа сцена се поставуваа и успешно се изве­дуваа класични и модерни драми, од познати автори во светот, како на пример, Достоевски, Брехт, Молиер, Стри­н­берг, Гогољ, Крлежа и многу други.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Авторот во текот на целата книга иронично ќе ги означи со иницијали „антисубјектите” кои престанале да егзистираат како лица за да постанат егзекутори на гнасни дела.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Се однесува на процесот применет во правењето на втор примерок од одредена слика, скулптура, или дело на стакло, на кои големината и изгледот на оригиналот се реплицирани и објектот е верно реконструиран во поглед на тоа што ги повторува процесите и техниките употребени од самиот автор во изработката на оригиналот.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Терминот “реконструкција”, од друга страна, подразбира прецизна и веродостојна копија на оригиналот, и не треба да се применува за редимејдите.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Од интимно исповедните ноти како продукт на човек кој припаѓа на редот на авторите во егзил (од 1938 година ја напушта Романија и живее во Франција), она што ми остана во трајно сеќавање е ламтежот од натисокот на проблемите од егзистенционален карактер.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
На вака гневно реагирање, ме потикнаа неодамнешните изјави на некои наши релевантни драматурзи и театролози по прашањето на застапеноста на домашниот автор во националните театарски куќи.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
За Чехов - во било кој учебник за литература од средно насочено образование прочитајте и присетете се.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Инаку, преводот е извршен според еден темелен избор на “Собрани дела” на авторот во многу томови.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Вториот „скопски“ автор во овој блок, Драги Михајловски, всушност е битолчанец и веројатно е, со евентуално уште две-три имиња, најдобриот македонски прозаист.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Маргина 36 115 116 okno.mkМаргина 36 117 Локална сцена Игор тошевски синиша цветковски сузана милевска александар бошковиќ 118 okno.mk Четворица автори во „Локалната сцена”: Игор Тошевски, Сузана Милевска, Александар Бошковиќ и Синиша Цветковски (Т.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Лакхдар беше во право. Вилата во која некогаш живеел Андре Жид во Ла Марса беше со убав видик на морето, со градина сета обрасната во густо медитеранско билје, насекаде проникнато со стракови јасминово цвеќе, со шадрван на средината.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Лакхдар не знаеше дека Жид беше еден од моите најчитани автори во младоста.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ние во Франција, посебно сме привилегирани што ни се нудат на прочит неколкуте дела од овој автор во превод на уште едно дипломатско перо, францускиот амбасадор Патрик Крисман, гордоста на Ке дОрсе, со оглед на неговото владеење на дваесетина јазици, кој со своите суптилни и префинети нијанси, овозможи, на еден нов начин да се збогати традицијата на француските дипломати-писатели.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Така велат, но авторот во тоа не верува.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
„Еј“, ѝ подвикна авторот во слушалката. Веќе не ја прашува како е. „Што правиш?“ ѝ вели.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Хм, си пристори авторот. Овој е цврсто клапнат на нешто, има лежиште, заклучи авторот во целосно недоумение.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
На авторот во главата му се ниже синџир од асоцијативни алки: Елефтерија значи слобода.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Утредента авторот во „Златното буренце“ ги најде една група од петмина седнати во длабочината на ресторанчето, околу маса претоварена од скара, чаши и литарски шишиња Смедеревка и Пелистерка.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Во исфрлениот вовед кој претставуваше интегрален дел на соопштението, (се чини дека авторот во последен момент заклучил оти таквиот приод кон темата го нарушува научниот пристап), професорот Седларски објаснува дека мотивот за јавно промовирање на материјата што му ја нуди на ценетиот собир бил многу животен, што значи бил поттикнат од конкретни случувања.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Знам дека извесни американски интелектуалци се чудат што европските љубители на филмот, а посебно Французите, го сметаат Хичкок за филмски автор во смисла во која тоа се слуша кога се зборува за Жан Реноар (Jean Renoir), Ингмар Бергман (Ingmar Berg- man), Фредерико Фелини (Frederico Fellini), Луис Буњуел (Louis Bunuel) или Жан-Лик Годар (Jean-Luc Godard), но што има чудно во тоа?
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Директорката од малата библиотека во Шапоно, во писмото, навезано со убав ракопис, ме известуваше дека библиотеката во месец мај 1999 година слави дваесет години од основањето и комитетот на читатели одлучил по тој повод да повика на средба најчитан автор во тој период според статистиката на читаните книги.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Книгата беше решено да се печати во колекцијата странска литература помеѓу најпознати автори во светот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Беше тоа период кога тешко го рланирав самиот своето време, поради големите и секојдневни дипломатски обврски.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
И Пјотр Илич Чајковски налетал ненадејно на својата таинствена дама-заштитничка, која цели тринаесет години треперела над него, грижејќи се за сите негови потреби, вклучително и оние најбанални и најсекојдневни, а не само за неговата музика; бидејќи композиторот и односната (грофица Надежда Филаретовна фон Мек) никогаш не се сретнале (на двапати случајно се нашле на исто место, меѓутоа молскавично избегале еден од друг!), морале да разменуваат многу писма зачувани се околу 1200...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Го правев токму спротивното: пишувајќи ти за маркизата од Пескара, за грофицата фон Мек или за Евелина Ханска јас се обидував да ја откривам, но и да ја дефинирам суштествената разлика помеѓу сите нив, од една, и Твојата суптилна француска заштитничка, од друга страна.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Имаше извесна здржаност кај авторот во одреден период сакајќи да го избегне евентуалниот шок кај албанските читатели од материјата што дотогаш никој не се беше обидел да ја третира во албанската литература.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Овој роман, кој ја опишува петдневната рашомонијада на авторот во родната земја во пролетта на 1979 (кога овде се слави стогодишнината од раѓањето на Сталин), доживеа во Франција значајно толкување на своите внатрешни слоеви и пошироки значења од бележити француски писатели и книжевни критичари.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Кога првпат ми ја спомна таинствената госпоѓа Лејбовиц, раскажувајќи ми (попатно) за необичноста на вашата двегодишна епистоларна врска, во текот на која разменивте повеќе од стотина писма (за жал, не си ги собрал сите; некои од нејзините очигледно недостасуваат, што е голема штета!), помислив: си имал среќа каква што ја имале и редица големи автори во историјата на уметностите, кои, по сплет на разни околности, налетале на некои умни и внимателни жени, кои се посветувале на нивното дело.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)