адвокат (имн.) - во (предл.)

Судбината му се смилува. Се оддалечи од Тирана, за да работи како адвокат во крајезерскиот Поградец.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Стојам по осум часа на дождот и ги паркирам возилата на американскиот џет-сет: млади плејбои во „естон мартин“, доктори во „јагуар“ и адвокати во „масерати“, криминалци во „кадилак ескалејд“, спонзоруши во евтини „тојота“-модели, богати сопруги во „ес-ју-ви“...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Логички, не можев да објаснам, зошто јас, виенски студент, најперспективен адвокат во градот, бев толку возбуден од средбата со младиот часовничар, човек далечен на мојот свет.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Имаше само неколку генерални настани од животот на Татко, кои не беа ставени под неговото необично ембарго: причините ненадејно да замине од родниот Подградец крај Охридското Езеро во Цариград, преку Солун по морски пат до Измир, неговите студии првин по шеријатско, а потоа по модерно право и исламска филозофија, враќањето во Поградец по завршените студии со факултетската диплома и лиценцата за адвокатура, работата како судија и адвокат во монархиска Албанија, напуштањето на Поградец во 1941 години бегајќи од фашизмот од својата окупирана земја, емигрирањето во Македонија и потоа приемот на југословенското државјанство, работата во еден од скопските повоени судови, работата во Националниот институт во Скопје, откривањето на битолските кадиски сиџили (ХVI-ХIХ век) и работата врз нивното средување и преведување до пензионирањето.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Некој од нив аптекар, друг сопственик на ан, трет адвокат во времето на окупацијата, четврт кмет итн.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Се врати со својата кадиска диплома за старо шеријатско и модерно право, беше едно време судија на албанската монархија, на крајот адвокат во Поградец.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Секогаш стра­­вуваше од врвовите на власта, па прифати да биде адвокат во родното гратче дистанцирајќи се, на тој начин, од режимот, но секогаш давајќи си и друга шанса за излез, во брзите и непредвидливи историски промени на Балка­нот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)