активност (имн.) - може (гл.)

На пример од она што го рече за Загорка Пеперутката произлегуваше дека таа, според однесувањето а и пројавените активности можела слободно да се смести во една посебна категорија суштества и дека токму таа нејзина посебност можела да ни понуди објаснувања и во врска со нејзиното исчезнување.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Според генералот Хенри Вилсон НОВ и ПО на Југославија со своите активности можеле многу да помогнат „во комплетирањето на хаосот и конфузијата во која непријателските сили запаѓаат со нивните континуирани напади“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Кога извесни формални симболни системи (на пр. компјутерските програми) се имплементирани како динамички физички симболни системи (на пр., кога тие се стартуваат на компјутер) нивната активност може да се интерпретира на повисоки нивоа (пр., бинарниот код може да се интерпретира како LISP, LISP кодот може да се интерпретира како англиски јазик, а англискиот може да се интерпретира како разговор со смисла).
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)