акција (имн.) - ќе (чест.)

Ова множество на шеми ги води нашите акции но повратно и се ажурира кога акциите ќе доведат до нови перцепции; интеракцијата на настани и очекувања го контролира процесот на акомодација при кој нашата целосна мрежа на шеми се ажурира и проширува.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Се плашам дека акцијата ќе помине како онаа од 1980-те години. Никој ништо нема да врати.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Тој се обидел да го убеди дека нивната акција ќе биде многу штетна за делото воопшто, дека Внатрешната организација зела веќе решение да дига во летото востание и дека анархистичките акции се предвидени ако востанието не ги даде очекуваните резултати... Но, попусто.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Од друга страна, тие се плашеле дека нивната акција ќе биде наполно успешна ако извршителите во исто време мислат како да го спасуваат својот живот.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
По сѐ изгледа тие не очекувале дека нивната динамитна акција ќе предизвика некаква одмазда врз Македонското население од широки размери.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Вербата на гемиџиите дека со индивидуални оружени акции ќе ја принудат Европа да интервенира во прилог на ослободителното дело била крајно нереална.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Знаев дека нашата акција ќе им причини смрт на многу невини луѓе, ќе донесе многу солзи и страдања, зар по сето тоа што ќе го сториме, јас ќе имам право да живеам?
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Но не можел да го прифати и мислењето на гемиџиите дека преку изолирани динамитни акции ќе се постигнат некои значајни резултати и одозгора на тоа дека народот ќе биде поштеден од терор и убиства на властите.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Ние сме му сите познати и затоа нашата ролја во акцијава ќе се сведе да Ве помогнеме и да Ве заштитиме, се разбира ако стане нужда.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Акцијата ќе се изврши уште утринава. И како што беше договорено.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)