алишта (имн.) - за (предл.)

Дури и алишта за преслекување таму им носеше Стојо.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
По две недели дојде смена од други тројца, тие донесоа алишта за преслекување, храна и ракија.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Не поради некаква сентименталност, туку едноставно што знаеше од искуство дека многу работи што однапред ги планира човек - не секогаш се исполнуваат.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Попот се откажа и од ќерка си Бисера што го прибра Крлета и еднаш, кога таа отиде да го види, да му ги земе алиштата за перење и да му занесе едно грне кисело млеко, толку го налути кога му рече в очи оти тој е крив, а не Крсте, — го грабна од полицата грнето, и го удри од глава и ја истурка низ врата со полна уста клетви: — Еве откаде дуел ветерот шо ми го подветрил детето, да даде господ нека срдешница да а вати!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но иако и двајцата се сложија со тоа, сепак Павле не го поткошкна баш онака палтото, како што правиме обично со старите алишта за кои мислиме дека не се повеќе за пред свет.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Три години по ред се токмам да си сошијам ново палто, чичко Перо, и се нешто друго ќе излезе...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Од него не се срамуваше: колку пати му носел алишта за превртување, крпење...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)