ангажира (имн.) - во (предл.)

Ја почитуваше мојата ангажираност во весникот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Синот негов и личеше и не личеше на него; го потсетуваше на него по својот немирен дух, по своето широко интересирање за таканаречените воншколски дејности - по читање весници, списанија и книги вон лектирата; по својот занес за современата забавна музика; по својата ангажираност во музичката група, каде што не удираше само по тапани ами свиреше и на други инструменти, па другарите го избраа за глава на тајфата; а не го потсетуваше на него по своето непочитување на куќниот ред, по променливиот успех во учењето и по отсуството на секаква сериозност да пројави интерес за некоја наука или струка на која би ѝ се посветил по матурата - освен музиката, се разбира, но не класичната ами исклучиво џезот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Тоа посебно се однесува на неговото сѐ поголемо ангажирање во решавањето на општествените проблеми што сѐ повеќе го одвлекуваше кон театарот кадешто сите работи се случуваат одеднаш.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
И сето тоа мене ме поврзува со мојата ангажираност во законодавството.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Секој став кој е повеќе од егоистичен пред сѐ е општествен, а општествениот став е поллитички став. okno.mk | Margina #11-12 [1994] 177 Херберт Рид “Политика на неполитичното”(1943) Во шеесеттите години, паралелно со рекапитулацијата и афирмацијата на Кејџовите ставови и искуства доаѓа до раслојување на неговото интелектуално интересирање што резултира со појава на дела во различни медиуми, со проширени стилски карактеристики.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во серијата изведби на Мјузикциркусот, Кејџ ги повикуваше сите музичари, композитори и уметници на одредено место и одредено време, заедно со публиката, да го работат она што го сакаат.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)