баба (имн.) - да (сврз.)

Ги реди сите занаети „додека бабата да го разврзе крајот на црното шамивче и ги извади двата бели череци да му го плати заметот на дедот поп за работата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Искат баба да говорит, јадната не можит, бркат нејзе честа х'лцка, с'лзи и горешти.
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
Старичката погледна наоколу и кога виде дека никој не ја гледа, прошепоти: - Дојди, дојди, наведни се, баба да ти кажи...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Старицата ги подава сувите раце и не може да ја совлада блескавата капка, растреперена на ретките трепки. - Борисе, чедо. Ево, дошла баба да те види.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- Седни, седни! - продолжи бабата да го нуди.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Ти веле да викниш некоа баба да ти помогне, ти сама се навати, та сега ќе груваш.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)