бавча (имн.) - или (сврз.)

Бавчите или, подобро кажано, плодовите порано обично ѝ будеа фрустрација, чувство на јаловост, но сега, кога и таа самата беше вклучена во тајната на обновувањето на родот, тиквите што раснеа и доматите што висеа како гроздови на ползавците, ѝ разбудија необично чувство на задоволство.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Можеби на нива, во бавча или лозје, на ручек или вечера ќе ги пресече веста болна?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Но наместо, според расположението, да појде некаде каде што ќе биде сам, накај бавчите или накај реката, тој обратно, се сврте кон градот, по познатите улички што водеа кон центарот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)